Вчера од српска страна не им беше дозволен влезот на 367 мигранти од Авганистан.
Околу 367 мигранти од вчера се заглавени во прифатниот центар во Табановце бидејќи српска страна не им е дозволен влез.
Како што информираат од нашата полицијата бегалците од Авганистан заедно со оние од Ирак и Сирија е договорено да се пуштаат, бидејќи доаѓаат од воени подрачја и не се сметаат за економски мигранти, па и затоа не е јасно зошто српската полиција не го дозволува нивниот транзит.
Бегалците засега се сместени во Прифатниот центар на граничниот премин „Табановце“.