Србија отвори две поглавја со ЕУ , Хан со порака


Србија отвори уште две нови поглавја во пристапните преговори со Европската Унија , на што еврокомесарот за соседска политика и проширување , Јоханес Хан упати порака.

Хан и порача на Србија дека владеењето на правото е ,,сржта” на преговарачкиот процес. Србија на 9. Меѓувладина конференција во Брисел отвори две нови поглавја со Еу и тоа 17 ,за економската и монетарна политика и поглавјето 18 за статистика.

Земјата доби и порака дека е направен уште еден важен чекор кон полноправно членство во ЕУ , но и дека владеењето на правото и натаму останува клучна точка , бидејќи тоа е сржта на преговарачкиот процес. Хан на заедничката прес конференција рече дека досегашните реформи даваат резултати , но и дека треба да се задржат.

Министерката за евроинтеграции , Јадранка Јоксимовиќ смета дека отворањето на само две поглавја не се доволни и дека можело и повеќе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1