Србија си игра со оган, ќе заврши како Белградски пашалак


Косовскиот премиер Хашим Тачи смета дека Србија со инстистирањето за поделба на Косово ја ризикува својата европска иднина.


– Доколку Србија продолжи со инсистирањето на разграничувањето тогаш тоа би можело да се сврти против неа. Србија треба да сфати дека доколку го почнат тој граничен пир, би можела да заврши како Белградски пашалак,. Си играат со оган, истакна Тачи во интервју за загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

Тој повтори дека Косово е независна држава, која досега ја признаа повеќе од 90 држави и која го избрала патот на евроатлантските интеграции. Тачи уште еднаш ја обвини Србија дека спровела геноцид на Косово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1