Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, побара од хрватските власти да ја повлечат одлуката за запирање на товарниот сообраќај,
Во спротивно, како што предупреди тој на вонредната прес-конференција, Србија ќе преземе правни мерки, а доколку тоа не даде резултат, ќе бидат преземени и контрамерки.
– Хрватска со запирање на товарниот сообраќај се однесува неодговорно, а доколку тоа потрае, ќе мораме да воведеме контрамерки, кои ќе ја погодат Хрватска повеќе од нас. Ги замолувам хрватските власти како соседи, пријатели, членка на ЕУ, да ги повлечат неодговорните одлуки. Во спротивно, поради кршење на многу билатерални и меѓународни договори, ќе бидеме принудени по правен пат да бараме заштита за својата земја – истакна српскиот премиер Вучиќ. Тој ја замоли Европската унија да ја предупреди својата членка да не се однесува така, затоа што тоа не е само антиевропско однесување, туку е против секоја цивилизациска норма.