Србија тврди дека Хрватска се обидела кришум да ѝ ги врати бегалците – Загреб демантира


Хрватската полиција наводно се обидела синоќа скришно да префрли во Србија група емигранти преку Шаренградската ада на Дунав во близина на Бачка Паланка.

Српската полиција наводно успеала да го спречи префрлањето на група жени и деца на нивна територија, а во акцијата биле користени чамци со рефлектори и ротациски светла на хрватската погранична полиција, неофицијално дознава Блицmapa srbija

Изворот на српскиот весник тврди дека процени укажуваат дека Хрватска ќе продолжи со групирање на бегалците во тој регион, поради што од српска страна ќе бидат преземени мерки.

Министерот за внатрешни работи на Хрватска Ранко Остојиќ ја демантираше вечерва информацијата на српските медиуми дека хрватската полиција претходната ноќ се обидела да врати група бегалци во Србија.

„Се надевам дека ќе видам некоја снимка од таа акција. Таквите дезинформации всушност потврдуваат дека Хрватска ниту има план Ц за враќање на бегалците во Србија, ниту пак работи на него“, кажа Остојиќ.

„Хрватска во моментов строго се придржува до плановите А и Б, што значи дека имаме доволно капацитети и услови бегалците да ги префрламе во Унгарија“, додаде хрватскиот министер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1