Сребрениот ковчег со срцето на романската кралица Марија ќе биде вратено во замокот Пелеш


Сребрениот ковчег, во кој се наоѓа срцето на романската кралица Марија, ќе стане дел од колекцијата на музејот во замокот „Пелеш“ во романскиот туристички центар Синаја, каде кралицата умира пред повеќе од 70 години.zamok-romanija

Во 1933 година во својот тестамент кралицата Марија, внука на британската кралица Викторија, бара по нејзината смрт срцето да и биде изложено во параклис во нејзиниот замок во Балчик.

По смртта на кралицата на 18 јули 1938 година нејзиното срце е ставено во сребрен ковчег и изложено во параклис во Балчик. Во 1940 година ковчегот е пренесен во замокот Бран во Романија во параклис, изграден по примерот на тој во Балчик.

Во 1974 година ковчегот е предаден на Националниот историски музеј на Романија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1