Како што пренесува српски „Телеграф“, најчестата „тарифа“ која се зема за оваа измама е помеѓу 800 и 1,500 евра. Затоа многу луѓе ризикуваат и да добијат тешка инфекција само за да заработат пари.
Често се случувало луѓето и намерно да ги провоцираат кучињата скитници да ги каснат и со тоа да дојдат до пари. Во Крагујевац, овие измамници дури изработувале и метални кучешки вилици со кои си нанесувале рани, а општината во една година морала да исплати дури 15 милиони динари (над 120 илјади евра) поради „напад на кучиња скитници“.
Во ланецот на измамниците клучна улога играат и адвокатите кои најчесто добивале половина од „заработката“.
Често гребнатинките и старите лузни некои вештаци ги проценуваат како тешки повреди, а стравот кој го претрпеле “нападнатите” се израмнува со стравот кои луѓето го претрпуваат во војна. Поради ова, од општината во Нови Сад превзеле мерки за сеопфатна контрола и проверка на секоја пријава, па вкупниот износ на обесштетување бил намален на 40 проценти.