Србија заработува 100.000 евра месечно – го рента имотот одземен од кримналци


Србија секој месец заработува по околу 100.000 евра од наемнини од издавање на конфискуван имот стекнат со криминални активности, соопшти српското Министерство за правда

Numerology_Money-1Освен станови, куќи и угостителски објекти, Србија под наем дава и возила конфискувани од кримниналците. Покрај наемнината, од продажба на конфискувани возила државата Србија заработила дополнителни 100.000 евра.

За пет години од усвојувањето на законот за конфискација на имот стекнат со криминални активности, државата времено или трајно одземала 280 станови, 53 куќи, десетина деловни простории и хотели, два каменоломи, 368 автомобили, еден брод и еден трактор.

Меѓу конфискуваниот имот се и 11 килограми златни шипки, 17 килограми златен накит, антички монети, уметнички дела, лукзуни часовници и над 82 милиони динари, 11,5 милион евра и 66.000 швајцарски франци во готовина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1