Србин му го пресече вратот на сограѓанин пред очите на туристи


Пред очите на шокираните британски туристи во шпанското летувалиште Коста дел Сол , Србин врзал свој земјак на балкон , го соблекол гол и му го сечел вратот.

Грозоморниот чин се случувал на балкон на трет кат во една зграда недалеку од пристаниѓтето Дукеса, пред очите на престрашени британски туристи, пишува порталот „Olivepress”.

Мажот бил во долна облека врзан за оградата на балконот и со крпа преку очите, кога локалната полиција дошла на местото на настанот, а заканувачот му држел голем нож под вратот и почнал да го сече.

Мажот на другиот Србин му ставил крпа преку очите , го соблекол , го врзал за оградата на балконот , а кога дошла полицијата тој веќе со голем нож му го сечел вратот. Благодарејќи на брзата интервенција на полицијата , Србинот е спасен и префрлен во болница , а напаѓачаот веднаш бил уапсен.

Градоначалникот Марио Хименез и честиташе на полицијата за „професионалноста и храброста“.

„Ова е изолиран инцидент што бара силен одговор за да се обезбеди сугурноста на населението“, рече градоначалникот.

Полицијата во Коста дел Сол соопшти дека им требаат повеќе докази за да го обвинат напаѓачот, апелирајќи до сведоците, британски туристи, да им достават фотографии и видеа од инцидентот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1