Србин преку ноќ стана милионер – патентираше лек кој три пати ги зголемува шансите за оздравување од коронавирус


Професорот Ратко Ѓукановиќ (65), еден од најдобрите светски експерти за астма и хронична опструктивна белодробна болест, заедно со двајца негови колеги од Универзитетот во Саутемптон, дојде до големо откритие во лекувањето на пациенти заразени со коронавирус.

Српскиот стручњак и професорите Стефан Хојгејт и Дона Дејвис откриле пред 20 години дека протеинот интерферон бета кој помага при настинки им недостасува на оние што страдаат од астма и хронични заболувања на белите дробови.

Врз основа на тоа, нивната компанија ја развила неговата замена која им помага на пациентите со вирусни заболувања, пишува „Гардијан“.

Клиничката студија за нивниот лек SNG001, базиран на интерферон бета, е завршена пред неколку дена и покажа дека пациентите заразени со коронавирус имаат два до три пати поголеми шанси за закрепнување со оваа терапија отколку со плацебо.

Примерок од 101 пациент открил дека шансите за развој на тешка форма на болеста се намалени за 79 проценти, додека чувството за губење на здивот исто така е драстично намалено.

Директорот на компанијата Ричард Марсден е пресреќен од резултатите.

„Нема ништо подобро за нив отколку да видат дека лековите третираат вистински пациенти, а притоа заработуваат пари“, рече Марсден откако акциите на неговата компанија скокнаа за 540 проценти неколку часа по објавувањето на студијата на 21 јули.

Од почетокот на годината, вредноста на овие акции се зголеми за неверојатни 3.000 проценти.

Бидејќи сите тројца научници имаат удел во компанијата, тие практично станаа милионери преку ноќ, така што 0,56 проценти од акциите на д-р Ѓукановиќ сега вреди 1,6 милиони фунти (околу 1,75 милиони евра).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1