27-годишниот Дамир Маринковиќ си го одзел животот и е пронајден целиот во крв покрај пат, бидејќи неговата девојка му го вратила прстенот.
Според податоците на српскиот Курир, воспитувачот се самоубил покрај напуштениот мотел кај Лесковец, бидејќи неговата сакана претходниот ден му го вратила прстенот со кој ја запросил.
Сликата била ужасна. Имало крв на сите страни. Дамир бил пронајден во локви крв покрај патот.
Другите соработници на Дамир велат дека бил посветен и одличен работник. Не знаат како можел да направи вакво нешто, а не ни знаеле дека е во сериозна врска.