Мајката на студентката Билјана Џориќ од Краљево која исчезна на 2 декември, е скршена од болка. Вели дека не мора да си ја види ќерката, но бара само да знае дека е здрава и жива.
Мајката Весна раскажува дека тој ден нејзината ќерка дошла со такси од Косовска Митровица, а последен пат е видена близу трафика каде оставила пасош и рекла ќе дојде некој и ќе го земе ова.
Очајните родители иако не слушнале ни глас од ќерка си два месеца, не губат надеж.
– Полицијата се пребара, ја чекаме два месеца. Нема ни трага ни глас, не мора да си дојде само да знаеме дека е здрава и жива, велат родителите во очај.
Таа го памети последниот разговор со ќерка си.
– Ми се јави ми рече дека била на колоквиум на факултетот каде учи, Економскиот факултет, па дека ќе учи бидејќи има уште еден колоквиум за утредента. Не знам што се случи, вели мајката Весна.
Неодамна Билјана раскинала со момчето со кое имале проблематична врска, но тој се јавил и понудил помош во потрагата.