Српските пазари се полни со евтино овошје, но ако некој сака лимон, ќе мора многу да плати.
Цената на ова овошје е дури 320 динари (2,65 евра), па за оние со потенок паричник се нуди и пресечен на половина, пишуваат српските медиуми.
Лани се случи истата ситуација, трговците се досетија лимонот да го рпеполоват поради високата цена. Тогаш беше објаснето дека цената во српските продавници ја дигнал недостигот на тоа јужно овошје во Европа, па се увезувало од Латинска Америка, поточно од Аргентина.
Трошоците за транспорт значително ја дигаат цената за 30 до 40 отсто над набавната цена. На српскиот пазар, лимонот, инаку, најчесто доаѓа од Турција и Грција. Овие денови покрај на лимонот и грејпфрутот, така и на останатото тропско овошје цените му одат до небо . Така, за килограм грејпфрут мора да се издвојат 219 динари, или 1,8 евра.
Бананите чинат 135 динари или 1,1 евро. Цените на домашното овошје на српските пазари се движат од 25 динари (0,2 евра) па нагоре. Килограм праски е од 30 до 80 динари, грозјето чини 70-95 динари, сливата 25-40 динари, дињата 45-50 динари, лубеницата 20-30 динари…