Србите најдоа нафта – им помогнале русите


Српската нафтена компанија НИС, во соработка со руската фирма „Зарубежнефт“, открила резерви на нафта во Република Српска, изјави денеска за Танјуг министерот за индустрија, енергетика и рударство на Република Српска Петар Ѓокиќ

Министерот изјави дека количествата не се мали, но, според НИС, неопходни се дополнителни истражувања за да се утврди дали нивната експлоатација ќе биде рентабилна. Се смета дека наоѓалиштето содржи 5.000 тони нафта со добар квалитет.

nafta

За истражувањата во Република Српска, НИС и „Зарубежнефт“ формираа заедничка компанија „Јадран Нафтагас“, која во 2011 година со Министерството за индустрија, енергетика и рударство склучи договор за концесија за истражувања и експлоатација на нафата и на гас. Концесијата беше добиена на рок од 28 години од кои три години за истражувања и 25 години за експлоатација. Доколку бидат откриени резерви од нафта, „Јадран Нафтагас“ презеде обврска во Република Српска да инвестира 229 милиони долари.

Истражувања за нафта и за гас на територијата на Република Српска се изведуваат над 100 години, но иако се откриени некои наоѓалишта на нафта, се уште не сè најдени доволни количества за индустриска експлоатација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1