Во Клубот на пратениците во Скопје започна средбата меѓу претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Средбата е со цел да се надмине политичката криза, откако опозициските пратеници поднесоа оставки на функциите и не учествуваат во работата на Собранието по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27 април годинава.
СДСМ најави дека ќе бара техничка влада, но тоа за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо.
По пристигнувањето, лидерот на СДСМ веднаш се „чекираше“ дека е на средба со Груевски.