Средба на Заев со европратениците Ховит, Кукан и Вајгл


Договорот од Пржино мора да се исполни – лидерот на СДСМ Зоран Заев на средба со европратениците Иво Вајгел, Ричард Ховит и Едвард Кукан, на која присуствуваа и заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски.zaev233

Заев, информираат од партијата, посочил дека оценката на меѓународната заедница, на ЕУ и САД, дека нема услови за регуларни, кредибилни избори на 24 април е потврда на фактичката состојба, на вистината.

– Јасно е дека фер избори на 24 април не може да има. За да се создадат условите за кредибилни избори мора да се прочисти Избирачкиот список и да се спроведе реформа во медиумите. Победникот на изборите мора да има полн и чист легитимитет, за да се надмине кризата, да се обезбеди стабилноста на државата, но и Македонија да тргне напред по европскиот пат, нагласил Заев.

Воедно, европратениците информирале дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, за шест дена го одложи гласањето за Резолуцијата за Македонија, која требаше да содржи препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите со ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1