Утринава во областа на хрватскиот град Дрниш во Далмација, падна град со големина на орев.
Предизвикана е голема штета на земјоделските култури. Новиот циклон наречен Симеон во Хрватска донесе бројни проблеми.
Посилни грмотевици, а на крајбрежјето и пијавици беа најавени, но неочекувана била сликата во Дрниш каде наликувало како зима, пишуваат хрватските медиуми. Градот направи голема штета на земјоделските култури, а жителите со лопата го тргаа мразот од пред нивните домови и улиците.