Средношколец нападнат со мачета во Нови Сад (Видео)


Поради кавга за фудбалски натпревар средношколец бил нападнат со мачета и секира на улица.

Нападот се случил во Нови Сад, во населбата Грбавица, а детето се здобило со повеќе тешки рани. Веднаш бил пренесен во болница и опериран.

1822640441523866ce3b0b0973887794_orig

За среќа операцијата минала добро и детето е  вон животна опасност. Шеснаесетгодишниот ученик по вербалната расправија со група деца, бил нападнат со ладното оружје. Едно момче извадило мачета, а друго нападнало со секира, јавуваат српските медиуми.

Ученикот паднал на земја со исекотини и рани по целото тело. Бил расечен на градите, рамото, колкот а на места раните биле навистина длабоки. напаѓачите се разбегале. По инцидентот настана паника во Нови Сад. Полицијата успеала да приведе еден од напаѓачите кој е полнолетен и е навивач на клубот Војводина.

Српските медиуми објавија и снимка од безбедносните камери на која се гледа нападот врз момчето

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1