Жена едвај преживеала касната од домашен пајак – а не сакала да го убие – носело несреќа


Прво 0е појави само мала точка на место на каснувањето, но за неколку дена се појави плик со големина на топче за голф, и глуждот на раката станал неподвижен и болен.

spider biteЏулија Робертс видела дека дома има пајак – не сакала да го убие бидејќи тоа носело несреќа и го оставила. Пајакот ја каснал но не обрнувала внимание се додека не и се направил голем плик – отишла на лекар кој и дал антибиотици, но по неколку дена одлучила да оди во болница, бидејќи почнале да се создадаваат меурчиња околу местото. Ја задржале во болница, а лекарите се борат да го сузбијат отровот од пајакот.

– Лекарите ми рекоа дека отровот на пајакот можел да ја отруе и мојата крв. Тоа беше навистина страшно. Јас едвај можев да одам и почнав да паничам. Пликот стана огромен, и беше исполнет со жолт гној.

Таа никогаш не се плашела од пајаци, и не е прв пат да остави пајак во нејзиниот дом, а има и мало дете – сознанието дека можело да биде уште потрагично ја преплашило.

– Не можам да верувам дека нешто толку мало може да предизвика толку многу штета. Можете да очекувате вакви случаи во Австралија и Африка, но не во Англија не од домашни пајаци да се толку отровни. Овој пајак имаше посветла боја, имаше многу мало тело, но навистина долги нозе, но ништо невообичаено – ништо што би ме загрижило кога ќе го видам.

– Толку многу боли, јас едноставно не можев да верувам дека толку мала работа може да предизвика толку многу болка.

Иако била касната пред повеќе од три недели, Џули се уште се чувствува болка.

– Се чувствувам подобро, но сè уште боли, и ми рекоа ќе остане лузна на глуждот. Сега богами имам ужасен страв од пајаци, и јас сум исплашена дека ова би можело да се случи повторно. Имам мало дете кое сака да собира инсекти по дворот и насекаде. Тој има само 5 години и јас сум преплашена дека ова би можело да му се случи на него, вели мајката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1