Среќен именден и слава – За многу години да е Св. Јован Крстител


Денеска православните христијани го слават Свети Јован Крстител.

Во чест на светителот во црквите се одржуваат литургии додека именденот го празнуваат граѓаните кои го носат името на св. Јован.sv jovan

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7. ВИИ/ 24.ВИ) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан Собор на Св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7. И.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн.

Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

Во народниот говор, согласно некои дијалекти празникот се ссреќава со имињата Свети Јован Сечиглав, (како што го пишува М. Цепенков), Свети Јован Отсечен, Свети Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1