Седете дома, во цело Скопје загаденоста на воздухот на највисоко ниво!


Загаденоста на воздухот во цело Скопје вечерва е на највисоко ниво, покажуваат податоците од мерните станици поставени низ главниот град, а кои официјално може да се погледнат на веб страницата на Министерството за животна средина  df2312ewqds

Според последните регистрирани мерења направени за 20 часот вечерва податоците покажуваат дека во сите скопски општини присуството на ПМ 10 честичките или невидливата прашина за голо око во воздухот е на највисоко ниво. Параметрите покажуваат дека нивото на загаденост од нив е во виолетава боја што покажува најголемо загадување.

Во Центар, загадувањето со ПМ 10 е десет пати над дозволеното, во Лисиче 16 пати, Ректорат 11 пати.   Високо ниво на загадување поради зголеменото присуство на невидливата прашина има и во Кавадарци, Кичево, Битола и Тетово.

Vecer.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1