На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.
„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“
Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 Септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.
95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.
Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.
Но пречка на сите настани со кои се зацврстија темелите на независноста и самостојноста на македонија беше бојкотот на референдумот на дел од албанските етнички заедници, а пратениците Албанци не го подржаа новиот Устав. Поради тоа после десетина години, незадоволните Албанци мораше да се задоволат поради што веднаш по конфликтот во 2001 година нов Устав – мораше да се надополни, а беше потпишан и рамковен договор.
Низ тие години независност, Македонија се соочува со низа проблеми. Сите тие проблеми меѓу кои како најактуелни може да се издвојат грчкото ембарго, високата инфлација, стапката на невработеност, конфликтот во 2001 година и приливот на косовските бегалци се само еден мотив и предизвик за голема борба, за зајакнување на демократијата слбодата на говорот како и евроинтегративните процеси.
Последниве години ги одбележа процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО.