Српска Академија: Некој треба да му каже на народот дека Косово веќе не е српско


Претседателот на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), д-р Владимир Костиќ изјави дека „во овој момент единствената политичка мудрост е на кој начин, со достоинство, да го оставиме Косово, бидејќи ниту де факто, ниту де јуре е во рацете на Србија“.kosovo je srbija foto

– Некој тоа треба да му го каже на народот, истакна Костиќ.

Тој додаде дека Косово е „основата на нашата историја и на дел од нашата психологија, но штом еден министер, премиер или наш претседател треба да бара дозвола за да влезе на оваа територија, тоа многу јасно покажува дека немаме веќе ниту човечки, ниту економски, ниту какви и да се други капацитети да се спроведе таму сопствената волја“.

– Можеме да се лажеме едно со други, гледајќи се во очи, но алтернативата е многу јасна. Било каков удар да добие, Србија треба да продолжи да ги шири демократските капацитети и слободните пространства, инаку нема да опстои, смета претседателот на САНУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1