Српска новинарка ја искасапил проперел: Невидена трагедија во Кан


Јелена Красиќ (30), новинарка од Нов Сад, загина на саем за бродови во Кан, каде во несреќни околности за време на тест возење ја уби репортер со гумен чамец.

Ужасниот инцидент се случил минатата саботата на 12. септември околу 19 часот на брегот на канскиот залив. Во чамецот се наоѓала Јелена која била продуцент на емисијата „Наутика“, нејзиниот колега од Србија и Италија Ренато м сопственик на компанијата која го произвела чамецот марка „kantijeri magacu“, пренесуваат странските медиуми. Според првите информации, тие во текот на тестирањето налетале на голем бран, а потоа следувал пеколот.nvnarka-5

Испаднала од чамецот и паднала на проперел.

Страотната несреќа се случила на 12 септември во доцни попладневни часови, на водечката наутичка манифестација во Европа, за време на премиерно прикажување на глисерот на кој и се случила несреќата.

Француските медиуми пренесоа дека несреќата се случила за време на тест возењето на гумениот глисер марка МХ-12 на италијанскиот произведувач  “Кантијери Магацу“ со кој управувал колега на Јелена, исто така новинар од Србија. Покрај нив двајца во чамец бил и Ренато Магацу, косопственик на компанијата која го произвела глисерот.

Медиумите пренесоа дека голем бран удрил во глисерот и двајцата мажи ги фрлил во водата. По неколку минути испаднала и таа, а водата ја отфрлила директно на моторите, чии елипси ја искасапиле и убиле на место.

Крајбрежната стража веднаш била известена за несреќата, како и Брза помош, но по пристигнувањето на местото на несреќата можеле само да констатираат смрт на несреќната жена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1