Српската амбасадорка низ солзи: Помошта од Македонија е премногу вредна за српскиот народ


Амбасадорката на Република Србија во Македонија неможеше да ги сокрие солзите давајќи изјава за Курир, додека траеше хуманитарната акција на скопскиот плоштад.

ambasadorkaaa222

Емотивна слика, голема хуманост и огромна донација, облека, вода, козметика, кебиња. Вака изгледаше денес плоштад „Македонија“.

Душанка Дивјак-Томиќ е српски амбасадор во земјава. Таа истакна дека ова е огромна помош, со неописливо значење за нашите соседи.

-Ова е исклучително важна помош, премногу вредно за српскиот народ. Кога луѓето се во проблеми, секоја помош е многу важна. Трогната сум. Потребно ни е се. Во овој момент најважно е да се донира за деца, за бебиња, храна, пелени, облека за луѓето. Евакуирани се повеќе од 7000-8000 луѓе, тие се во заеднички простории сместени. Тие немаат ништо. Се што имаа остана под вода, рече амбасадорката.

Дивјак-Томиќ искрено му се заблагодарува на македонскиот народ и вели дека секаква помош е драгоцена.

MK News

Автор инфо

Trackbacks/Pingbacks

  1. Зошто ги нема амбасадорите во македонските медиуми? | A1ON - 15/06/2014 17:03

    […] можеби за прв пат беа видени на некои од медиумите  МК news, МТВ 1. Неспорно е дека во ваквите моменти повеќе се […]

Остави коментар

UA-33057274-1