Српската манекенка која измисли дека е силувана заработи кривична – вели новинарите се криви за се


Белградската полиција поднесе кривична пријава против манекенката Мина Миленковиќ (21) која измисли дека е киндапирана и силувана и тоа го пријави во полиција.

minamanekenkaКривичната пријава во редовна постапка е поднесена против Мина Миленковиќ поради кривично дело „лажно пријавување“.

– Откако е утврдено дека не е силувана, Мина во полиција изјавила дека лажно пријавила дека е киндапирана и силувана, се наведува во соопштението.

Српското МВР додава дека Миленковиќ потоа „во присуство на дежурниот заменик обвинител од Првото основно јавно обвинителство е сослушана во врска со околностите“.Во полицијата на 23. јуни беше пријавено исчезнувањето на девојката, како и дека последен пат е видена на 22. јуни во 2.50 часот на кејот во Нов Белград.

На социјалните мрежи потоа беше објавена фотографија на манекенката со повик, ако некој ја види да се јави на телефонскиот број кој беше оставен.

Мина се огласи преку својот Фејсбук профил – ги обвинува новинарите за сите, како што таа ги нарекува, приказни, кои биле објавени на медиумите.

-Разбирам дека новинарите го прават сето ова за да го зголемат тиражот на своите весници, но што е многу многу е- објавила Мина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1