Српската полиција го уапси директорот на косовската полиција


Српското министерство за внатрешни работи денеска потврди дека српската полиција го уапсила 40 годишниот Н.Т. од Урошевац, врз основа на распишана потерница по наредба на Вишиот суд во Ниш, поради кривично дело – тероризам – пишува Танјугapsenje-1

Н.Т. бил уапсен синоќа околу 20 часот, на административниот премин Кончуљ, при издавање на потврда за влез на територијата на централна Србија.

Врз основа на решение на Вишиот суд во Ниш за одредување притвор од 2010 година, Н.Т. е спроведен во притворска единица.

Министерството за внатрешни претходно за Танјуг потврди дека утрово е уапсен директорот на косовската полиција за регионот Косовска Митровица, Нехат Тачи.

Приштинските медиуми објавија дека Тачи е уапсен на патот за Ниш каде требало да присуствува на едно рочиште.

Други детали за причините за апсење на Тачи нема – пишува Танјуг.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1