Српски борбени авиони од типот „орел“ летале над Прешево (Видео)


Претседателот на општина Прешево – Шќиприм Арифи, рече дека српски авиони го прелетале воздушниот простор на границата меѓу Косово и Србија, пренесува Lajmi.net.
Прелетувањето на авионите на војската на Србија предизвикале конфузија и загриженост меѓу тамошното население, пишуваат албанските медиуми.
Населението е вознемирено, пишуваат, затоа што воени авиони нема видено уште од војната на Косово па наваму. Шќиприм Арифи ги повикал граѓаните „да се воздржат од провокации“.
Албанските портали објавија и снимки од авионите, кои над Прешево летале 20-тина минути. Според неофицијални информации, се работи за 4 борбени авиони кои надлетувале во близина на административниот премин со Косово.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1