Српски фудбалер почина во соблекувалната по натпреварот


Саша Животиќ, фудбалер а Драгош од Орешковица, место кај Петровац на Млава, почина во неделата по натпреварот кој неговиот клуб го одигра против локалниот клуб Омладинац во Старчево.sasa-zivotic-foto-ebranicevocom-1493106284-1167731-640x432

Животиќ го одиграл целиот натпревар, а 15 минути по завршувањето му се слошило во соблекувалната.

Соиграчите со приватен автомобил се обиделе да го префрлат до болницата во Петровац, а на половина пат ги пресретнало и возило на итната помош, но на момчето му немало спас.

Саша Животиќ имал 29 години, играл за неколку локални клубови, а покрај фудбал играл и одбојка за екипата на Јединство од Каменово, каде и живеел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1