Српски “Информер”: Таен состанок кај Заев! ЦИА го руши Вучиќ од Скопје!


Американецот Ерик Бернс, советник на Зоран Заев, на 21. мај се сретнал со Саша Мирковиќ, разузнавачот Бобан Јовановиќ и сопственикот на македонската “ТВ НОВА”, Сеад Кочан. Тема на состанокот била рушење на власта во Србија. ЦИА од Софија во Скопје веќе префрлила специјален тим кој ќе раководи со оваа операција. Одвоени биле 16 милиони евра, а за лидер на операцијата го избрале Вук Јеремиќ. Бунтот почнува од Ниш?!

Американците во понеделник на 21. мај во Скопје организирале таен состанок на кој се договарала стратегија за рушење на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и неговата власт во Србија, пишува српски “Informer”.

Како што пишува српскиот портал, од неколку независни и кредибилни извори ја добиле потврдата за овој заговорнички состанок, како и тоа дека го организирал американскиот државјанин Ерик Бернс, инаку советник на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

На состанокот присуствувале поранешниот градоначалник на Зајачар, Саша Мирковиќ, сопственикот на македонската телевизија “НОВА” – Сеад Кочан и извесен Бобан Јовановиќ, разузнавач задолжен за координација на западните служби на Балканот. Единствената тема на состанокот била рушење на власта во Србија.

“Бернс го закажал состанокот во Скопје за да договори префрлање дел од акциите на ТВ НОВА на Саша Мирковиќ и Зоран Башановиќ, кој е сопственик на “ТВ НАША” во Србија. Позадината на овие медиумски трансакции е да се интензивира медиумската пропаганда и да се подготви терен за промена на власта во Србија. Договорено е со планот да се раководи од Скопје”, пренел изворот на “Informer”, кој открил и други шокантни детали.

“Во главниот град на Македонија од Софија веќе е префрлен специјален тим на ЦИА кој ќе ја координира операцијата во Србија. Подготвен е буџет од 16 милиони евра. Овие пари прво ќе бидат префрлени во Македонија за да не се доведат во директна врска со Србија, а од Скопје ќе се дистрибуираат понатаму…”.

Како што пишува “Informer”, парите за рушење на власта во Србија ќе се делат на невладини организации, постоечки медиуми и медиуми кои во Србија допрва треба да ги основаат Саша Мирковиќ и Зоран Башановиќ.

Порталот понатаму пишува дека Американците веќе одлучиле дека Вук Јеремиќ ќе биде новиот лидер на опозицијата, која би требало да ја предводи смената на власта.

“Ерик Бернс потврдил дека Јеремиќ ќе биде новиот лидер на опозицијата и дека го одбрале САД и Британија. Неговата задача ќе биде да ги подготви медиумите во Србија со Башановиќ, со помош на Англичаните и нивниот центар во Виена и да го поддржат Јеремиќ”, вели соговорникот на “Informer”.

Како што наводно велат изворите на српскиот портал, реализацијата на овој пеколен план е предвидена за крајот на годината.

“Договорено е Јеремиќ до крајот на годината да стапи на сцена, и тоа со “мило” – оставка на претседателот – или “на сила” – преку протести кои подразбираат “македонско сценарио”, а кои предвидуваат демонстрации во помалите градови, кои подоцна ќе се прошират во Белград. Посебно важен центар за западните служби претставува Ниш, од каде се планира почетокот на насилствата и преземањето на власта”, прецизира изворот на порталот.

Никој од актерите не одговорил на повиците и пораките од новинарите на “Informer”

Извор – Informer.rs

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1