Српскиот динар падна на најниска вредност годинава


Српскиот динар денеска падна на најниско ниво во однос на европската валута од почетокот на годината, при што една европска валута се менуваше за 120,39 динари.

Народната банка на Србија (НБС) соопши дека намалување на вредноста на српскиот динар во последниве денови се должи на исплатата на дивиденди на српските компании на нивните сопственици во странство.dinari_srpski

„Слабеењето на домашната валута е последица на влијанието како на домашни, така и на меѓународни фактори. Депресијациските притисоци на динарот се присутни од почетокот на втората половина на годината, при што повремено се намалуваше и зајакнуваше нивниот интензитет“, наведува НБС.

Според Банката, со исплатата на дивидендите на странците се зголемила побарувачката за девизи, што влијаело на зголемување на вредноста на странските валути во однос на динарот.

НБС очекува дека спроведувањето на мерките за фискална консолидација и планираните структурни реформи, во следниот период ќе придонесат за стабилизирање на девизниот пазар во Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1