Српскиот министер Лајиќ си поднесе пријава против себе


Љајиќ во изјава за белградскиот весник „Блиц“ нагласи дека решил самиот да си поднесе пријава против себе, бидејќи „му е доста да трпи клевети на негова сметка“.

Според „Блиц“, бидејќи никој од надлежните органи не реагирал на обвинувањата на Шешељ, а ниту самиот лидер на радиклаите не поднел никаква пријава, Љајиќ отишол во Обвинителството за организиран криминал и побрал да бидат истражени сите обвинувања против него.

Шешељ во обраќање во срспкото Собрание го обвини Љајиќ дека е „шеф на еден од најголемите нарко картели“ и дека полицијата има оперативни сознанија против него во врска со ваквите активности.

Обвинувањата против српскиот министер за трговија, Шешељ ги повтори во неколку наврати, а ги наведува и во неговата книга „Новопазарскиот крал на херионот Расим Љајиќ“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1