Жељка Ролович која беше уапсена на 21 август во Котор, Црна Гора поради организирање на ВИП проституција, договорала секс средби за српски политичари, а како нејзина врска се споменува еден од најблиските соработници на првиот заменик-премиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, информираат белградските медиуми.
На телефонот на задржаната “мадам” полицајците откриле СМС пораки во кои политичарот прашува има ли “нови кадри” и си порачува Хрватка за 1000 евра. Утврдено е дека телефонот од кој се испратени овие пораки е еден од највисоките претставници на Социјалистичката партија на Србија.
Жељка не успеала да ја избрише преписката поради ненадејниот притвор. Иако се користат и некои условни изрази, станува јасно дека политичарот однапред ја информира “Мадам” кога пристигнал на брегот и секогаш прашува што има ново кај неа. Во една од СМС-пораките се прецизира дека ноќта “тие ќе бидат тројца”. При одредување на цената за Хрватката станува јасно дека предметната дама е позната ТВ и риалити ѕвезда и затоа тарифата е особено висока.
Во моментов никој од црногорската или српската полиција не сака да ги коментира информациите за организираните оргии. Според официјалната позиција, се чека истрагата да си ја заврши работата за ВИП проститутките во Црна Гора.