Српскиот монструм: „Прости ми мајко што ја убив Тијана, не можам да спијам“!


Триесет и четири годишниот Драган Ѓуриќ осомничен за увиството на 15-годишната Тијана Јуриќ од Суботица низ солзи ја молел неговата мајка да му прости, кога таа го посетила за време на вештачењето во Специјалната болница во Белград.

– Штом ме виде ме молеше да му простам и плачеше, посочила Макивија Ѓуриќ за српски Ало.

Неговата мајка е единствената кога го посетила Драган откако тој е во протвор.Tijana-Dragan-500

– Мајко прости ми. Што е тука е. Не можам да спијам навечер, кога ќе ги затворам очите нешто ме гуши во градите, ми рече Драган плачејќи, заплакав и јас и не можев да го прашам дали е вистина тоа за што е обвинет и ако е, зошто го направил тоа, рекла неговата мајка.

Таа додала дека не добила никави одговори, туку дека се сомнева дека Драган имал некој проблем штом го направил тоа.

– Јас го израснав од мал кога беше само еден килограм. Ме боли тоа што не сум приметила дека нешто не е во ред. Верувајте ми ако постоеше било каков знак дека мој син ќе направи такво нешто за што е обвинет, јас ќе го спречев. Многу ми е жал за тоа девојче. Ме боли душата и често се прашувам себе си дали е вистина дека ја убил Тијана. Го знам своето дете и не можам да поверувам дека можел некому да наштети на таков начин. Се сомневам дека некој можеби го наговорил или принудил да го направи тоа за што е обвинет, истакнала Макивија Ѓуриќ.makivija-djuric-2-830x553

Таа вели дека се срами од чувството на вина и одговорност, и дека се плаши да излезе на улица бидејќи мисли дека некој може да ја убие.

– Ме боли душата за Тијана и често го преиспитувам однесувањето на мојот син. Дали тоа го направил? Зошто не мислел на мене и на неговата сестра?, вели мајката, додавајќи дека по убиството се преселила да живее кај нејзината пријателка бидејќи мора да се издржува со пензијата од 10.000 динари.

Откако сопственикот на станот во кој живеела ја исфрлил надвор, таа немала каде да оди, па нејзината колешка и пријателка и понудила покрив над глава.

– Веќе не работам во фирмата каде што работев, немам сила за тоа, а и се срамам. Само седам, плачам и чекам да започне судењето. Се надевам дека тогаш ќе се открие вистината за син ми и дека тој можеби ќе ми даде некои логични одговори, низ солзи раскажува мајката на Драган Ѓуриќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1