Министерството за труд и социјална политика на Србија упати повик до здруженијата и организациите на глуви на расправа за нацрт-Законот за употреба на знаковен јазик, но прецизира дека е обврзно претходно да се најават на телефон.
Во дописот упатен до организациите на глуви во Србија, истакнато е со задебелени букви дека „потврдата за учество е обврзна“ и испишани се фиксни телефони на кои треба да се најават.
Во повикот се вели дека јавната расправа се спроведува за претставниците на јавната власт, здружението на граѓани на глуви и наглуви, стручната јавност и други заинтересирани учесници.