Загадено езеро со прекрасна боја го обоиле црно за да не ги мами капачите (Видео/Фото)


Властите на Дербишир, во централна Англија, одлучиле да ја сменат бојата на водата на едно загадено езеро и да ја обојат во црно, за луѓето да не се капат во него

351001_jezero-bbc_fТиркизната боја на езерото Харпур Хил беше магнет за капачите. Езерото, чија идилична глетка потсетува на Бахамите или Сејшелите, всушност претставува сериозна закана за здравјето со оглед на високото ниво на загаденост.

Со капењето во езерото, луѓето се изложуваат на степен на ПХ вредност од 11,3, која може да се најде во средствата за дезинфекција, кои предизвикуваат разни кожни инфекции и иритации како и стомачни тегоби.

Властите тврдат  и дека дното на езерото е преполно со стари автомобили и мртви животни.

crno ezeroНо и покрај бројните предупредувања, жителите на околното село продолжиле да се капат во езерото, па властите ја исфарбале водата во црно, за да не биде толку привлечна.

-Езерото изгледаше волшебно, но беше ужасно опасно- вели еден жител на селото.

Езерото, кое поради тиркизната боја е наречено „Сина лагуна„, сега дефинитивно повеќе никого не потсетува на тропски остров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1