Веб страницата на Општина Тетово само на албански јазик


Новата интернет страница на општина Тетово е само на албански јазик. Невообичаено е што откако ќе се напише официјалната страна на општината, тетово.гов.мк истата веднаш се преименува во целосното име и презиме на новиот градоначалник на Тетово Теута Арифи, пишува Темла.

tetovo sajtНа страницата преовладуваат речиси сите активности каде е присутна градоначалничката Арифи а останати информации во врска со функционирањето на секторите и одделенијата на општината ги нема. Тетовци  се зачудени од ваквиот потег, со оглед на тоа што новата тетовска власт речиси е блокирана не се одржуваат седници на советот а не се избрани ниту директори на јавни претпријатија, па првите луѓе на општината како им одговара така работат. Од ВМРО ДПМНЕ накусо во телефонски разговор потсетија дека во Тетово живеат и македонци а од колацијата Сојузот за иднината апелираа што поскоро новата локална власт да ја поправи грешката и да не си игра со чуствата на макеоднците во Тетово.

Од општина Тетово не информираа дека новата интернет страницата е во изработка и откако овој проект ќе се реализира ќе биде вметнат и македонскиот јазик. Но вообичаено на сите страници кои се во процес на изработка стои соодветен натпис.

Инаку ова е втор сериозен пропуст на новата тетовска власт, откако на првиот ден од новиот мандат на Теута Арифи, општинарите не го истакнаа државното знаме.

Телма

tetovo sajt

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1