Путин: Кој ќе помине три недели со Људмила, заслужува споменик!


Људмила во една прилика за својот сопруг рече дека е вампир, но ниту тој не и остана должен па рече „кој ќе помине три недели со неа, треба да му се направи споменик„, пренесува Москва тајмс.

Книгата насловена како „Тенки пријателства„, на авторката Ирене Питч, некогашна пријателка на двојката Путин, говори за односот на сопружниците, кои минатиот четврток неочекувано најавија развод на бракот.

president-putin-marriage-over-.siГоспоѓата Путин во една прилика на Ирене и рекла дека Владимир е „за жал вампир„, а рускиот и врати со истата мера.

Сепак, Људмила го објаснуваше Путин како вистинскиот маж за неа, затоа што не пиел и не ја тепал, а  и сметаше што ноќите ги поминувал со своите пријатели додека таа го послужувала.

Интересно е тоа што таа го имала вниманието на Путин само кога зборувала за астролошки знаци, но тоа за неа не било доволно.

Таа се жалела дека Путин го прекршил ветувањето дека ќе се држи подалеку од шпионскиот свет, кога во 1998 година се согласил да дојде на челото на ФСБ. Таа била длабоко погодена со таа ситуација, мислејќи дека веќе нема да може да го види сопругот.

Владимир и Људмила се венчале во јули 1983 година и имаат две ќерки, 30 годишната Марија и една година помладата Екатерина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1