Срцепарателен блог за бебенце родено прерано (Видео)


Минатиот Божиќ Тајлер и Менди Стаут на поклон добиле подарок кој што никогаш нема да го заборават – нивното прво дете.
Малиот Маршал се борел јуначки три месеци за да преживее, а сите информации биле објавени на неговиот блог кој што го направиле неговите родители.

bebe preranoБебето се родило предвреме во дваесеттата недела од бременоста, со само 396 грама. Додека родителите го чекале бебето во болницата да порасне, Тајлер добил идеја да му направи налог и мејл на малиот Маршал. Првиот мејл на Маршал бил испратен три дена по раѓањето.
„Затоа што сум вака мал сигуро многу луѓе се грижат за мене. Имам два доктори и тим на анѓели кои што минуваат покрај мене 12 часа пазејќи ме. Мислам дека тоа ме прави посебен, но се трудам да не бидам вообразен“; пишува во пораката на бебето.

Првата порака била поставена на блогот и се оттогаш почна.

На почетокот блогот го прочитаа цела фамилија и пријатели, а подоцна приказната за бебето беше пренесена на голем број на социјални мрежи, па малиот Маршал собра голем број на следбеници.
За жал, Маршал на 4 март ја загуби битката за својот жиот, а во последниот блог напишал меѓу останатото: „Моите родители делуваа поразено. Мојата сестра и мојот доктор изгледаа како тоа да ги погоди. Правев се што можав за да ги утешам. Се надевам дека го почуствуваа моето присуство. Ми недостигате! Ќе ве гледам одозгора – ова е уште подобар дом!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1