Срцев: Сите очи се вперени во нас, се очекува професионалност од сите членови на ДИК


Сите очи се вперени кон нас како членови на ДИК, од нас се очекува висок степен на професионалност, непристрасност и објективност за постапување согласно изборниот законик и правилник каде што точно е наведено што може да биде основ за поднесување приговори, појасни во своето излагање членот на ДИК, Сашо Срцев.dik izbori

Сите ние работевме повеќе од 1 година за подготовка на овие избори за враќање на довербата во избирачкиот список и организирање на истите, додаде тој.

-Изборите на 11.12.2016 година, беа оценети и од домашната и од меѓународната јавност беше дека изборите беа фер и демократски. Изборниот ден помина без ниту еден приговор и забелешка од ниту една политичка партија за ниту едно избирачко место на цела територија на Македонија и ова до сега е невидено во досегашните избори. Ниту еден член на општинската изборна комисија не испратил никаков приговор за било каков проблем во текот на гласањето. Јавноста може да слушне дека ниту еден подносител на листа или учесник во изборите не поднесол никаков приговор, што се однесува на текот на гласањето ниту пак никаква забелешка за нарушување на изборниот процес. Немаше никаква интервенција на полицијата која што би требало да спречи било какво нарушување на гласање, рече Срцев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1