Кениските преставници се победници на деветтото издание на Скопски маратон. Во машка конкуренција победник е Вајклиф Кипкори Бивот кој делницата од 42 километри ја истрча со време од 2:21:56 часа, што е за речиси две минути подобри време од последниот рекорд.
Во женска конкуренција првото место и припадна на Каролин Џемејли Кипруто со време од 2:48:49 часа што е исто така најдобро остварување на Скопски маратон.
Во полумаратонот кој изнесува 21 колометар победија српските учесници Стошиќ кај мажите и Барач кај дамите, додека македонските претставници Кокан Ајановски и Ениса Тасевска ги освоија вторите места.
Победниците на маратонот ќе добијат парична награда по 1.700 евра, како и по 300 евра за поставување на рекорд.
Инаку на сите четири трки учествуваа рекордни 4.900 натпреварувачи од 36 земји од сите континенти.
Foto – Kurir