Градоначалникот Даринко Думбовиќ по земјотресот со јачина од 6,3 степени кој ја погоди Хрватска рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена до Петриња.
Една куќа се урнала на автомобил, луѓето успеале да го спасат детето кое се наоѓало внатре, но не е позната состојбата на возачот.
„Извлекуваме луѓе од автомобилот, не знаеме бидејќи имаме загинати и повредени, слушнав и дека се урна градинката, но за среќа немаше деца во градинката, додека други деца се спсени од другата градинка.
Владее општа паника, луѓето бараат свои под урнатините, додаде тој, повикувајќи секој што може да помогне на Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата. Полицијата ги повика граѓаните доколку се во можност да излезат на отворен простор и да се оддалечат од објектите кои може да се урнат.
Хрватските медиуми пренесуваат фотографии од Петриња, има доста повредени. Центарот на Петриња е урнат, а повеќето покриви на зградите и куќите се урнати.
Во делови на Хрватска нема електрична енергија, а телефонските линии се во прекин.
Земјотресот е почувствуван во Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.
По силниот земјотрес, почувствувани се два нови потреси со јачина од 4 степени.