Стабилна е состојбата на најтешко повредениот полицаец во синоќешниот инцидент со дрвокрадци


Полицискиот службеник кој најтешко беше повреден во синоќешниот инцидент со дрвокрадци е во стабилна состојба и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија, изјави за Сител директорот на Установата д-р Владимир Рендевски.

-Полицаецот се здобил со повреди и скршеници на главата и лицето, како и скршеница на раката и неговата здравствена состојба засега е стабилна, вели д-р Рендевски.

Покрај него потешко беше повреден уште еден полицаец, а други тројца нивни колеги се здобиле со полесни повреди кога Полициска патрола вчеравечер била нападната од дрвокрадци на планината Мукос, во близина на селото Степанци Инцидентот се случил околу 19:45 часот на стариот пат Велес-Прилеп, преку Јасеново.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1