Станаа милионери преку ноќ – Ремек-дело со години висело над шпоретот на една баба, продадено за 24 милиони евра


За ремек-делото „Исмевањето на Исус“, на италијанскиот мајстор Чимбуе, стручњаците верувале дека е трајно изгубено, сè додека неодамна не се испоставило дека со години висело над шпоретот, на ѕидот, кај една постара госпоѓа во францускиот град Копиен.

Сликата, за која бабичката верувала дека е стара икона па ја однела на проценка, тогаш ја процениле на вредност помеѓу четири и шести милиони евра. Но, на аукција во Сенлис во близина на Париз е продадена за повеќе од 24 милиони евра. Локалните медиуми, кои известувале за продажбата, наведуваат дека купецот на делото е анонимен.

Тестови биле направени на уметничкото дело со помош на инфрацрвена светлина за да се утврдат сличностите со делата на италијанскиот сликар Чимбуе, познат како Кени ди Пепо.

„Исмевањето на Исус“ е средновековно ремек дело на Чимбуе. Се верува дека е дел од полиптих – поголем број на насликани сцени поделени на неколку панели – што ја прикажува Христовата страст, сликана околу 1280 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1