Семејството на Сабина Селимовиќ, која со само 15 години побегна од семејниот дом во Виена и и се приклучи на Исламската држава, има намера да ја тужи Австрија.
Пред околу четири години Сабина, заедно со Самра Кесиновиќ (16), побегна и и се приклучи на ИД во Сирија.
Тие две беа меѓу првите тинејџерки од Австрија кои и се приклучија на Исламската држава во Сирија и поради тоа привлекоа големо медиумско внимание.
Терористичката организација поради тоа ги искористи во својата пропаганда.
Постојано се пишуваше за нив, а во меѓувреме се смета дека загинале.
Сега за прв пат во медиумите се обрати и мајката на Сабрина, по потекло од Босна.
Таа, во изјава за виенскиот дневник „Пресе“ најавила тужба против Австрија.
Мајката Сенада изјавила дека ден денес не може да сфати како нејзината 15 годишна ќерка можела да ја напушти земјата.
Истакнува дека граничната полиција морала да ја сопре Сабина и да ја врати назад.
Нејзиниот адвокат ја подржува во тоа и истакнува дека службениците на границата морале да утврдат дали тие две девојчиња ја напуштаат земјата без согласност на нивните родители/старатели.
Меѓутоа, во Австрија на малолетниците, во принцип, не им е забрането да ја напуштат земјата.
За овој случај ќе мора да одлучат највисоките судски инстанци.