Челзи Атонли (30) од Англија била родена како момче и се викала Метју. Промената на полот ја направила кога имала 22 години. Сепак, сега сака пак да се оперира за да биде повторно маж. Првиот пат Националниот здравствен сервис и ја платил операцијата, а сега треба сама да искешира 14 илјади евра доколку сака да си го врати пенисот.
Таа е уморна од шминкање и високи потпетици и во едно интервју изјавила дека најтешката работа во светот е да се биде жена.
” Отсекогаш сум сакала да бидам жена, но не можам да имам убаво женско тело, без разлика каква и операција да направам на себе, па поради тоа се чувствувам дека живеам во лага. Ме исцрпува постојаното шминкање и носење на високи потпетици. Дури и тогаш не се чувствувам како вистинска жена. Поради хормоните кои ги внесувам се намачив и се борам со депресија и анксиозност. Многу полесно ќе ми биде ако повторно станам маж”, изјавила Челзи која сака повторно да се вика Метју.
Таа веќе почнала да ги прима инјекциите со тестостерон, што е почетна фаза во промената на полот.