Холивудскиот актер Киану Ривс на Фејсбук објави фотографија и текст кои го мотивираат секој од нас да биде подобар кон себе и другите, и повеќе да го почитува животот.
Иако во моментов е „тежок“ 100 милиони долари, Ривс и понатаму се вози со подземна железница, и ужива во тоа. Татко му го напуштил кога имал само 3 години, останал без диплома откако го напуштил средното училиште, а на тоа му претходела долга борба со дислексијата.
Кога имал 23 години, неговиот најдобар пријател починал од предозирање. Ја запознал Џенифер Сајм во 1998 година, а една година подоцна таа забременила. За жал, нивното дете не преживеало. Со Џенифер брзо се разделил, а неколку години потоа, таа загинала во сообраќајна несреќа. Неговата помлада сестра имала леукемија, а 70 отсто од својата заработувачка од филмовите „Матрикс“ ги донирал во болниците кои лекуваат леукемија. Не носи тренди облека, нема голема куќа. Живее едноставно и смета дека што и да ни се случи во животот, можеме тоа да го надминеме.
Ви го пренесуваме неговиот пост на Фејсбук, целосно:
„Дали ги гледате овие луѓе зад мене? Брзаат на работа и не обраќаат внимание на ништо. Понекогаш сме фатени во замката на секојдневниот живот што забораваме да застанеме малку и да уживаме во убавините на животот. Како да сме зомби. Кренете го погледот и извадете ги слушалките од уши. Кажете му „здраво“ на секој кој ќе го видите и прегрнете некој кој ви делува како да е повреден. Помогнете му на некого. Треба да го живееме секој ден како да ни е последен. Она што луѓето не го знаат за мене е дека боледував од депресија пред неколку години. На никого не му зборував за тоа. Морав сам да се борам со депресијата на свој начин. Личноста која ме делеше од среќата сум ЈАС. Секој ден е драгоцен така што ајде така и да го третираме. Утре не е загарантирано, затоа живејте денес!“