Невенчаната сопруга на 66-годишниот Осман Золтиќ, Станка Ѓокиќ му ја предвидела смртта во шолја за кафе.
Осман Золтиќ го загуби животот откако автомобил го усмрти на пешачки премин во Земун, Србија.
Неколку денови пред да зегине, Станка му гледала на кафе и видела дека тој ќе почине.
-Со денови ми зборуваше: Станке, ти да ме погребаш и те молам да ми доаѓаш на гробот. Претходните осум денови ме тераше да му гледам во шолја, не му кажав дека неколку пати го видов неговиот лик бел, што значи смрт. Ме прашуваше дали гледам нешто, бидејќи се чувствувал лошо“, со солзи раскажува Станка.
Се запознале пред осум години во Јагодина каде со пензионерите биле на избор на градоначалник. Оттогаш биле заедно секој ден, а секој од нив имал свое семејство и деца.
-Три денови кукав и сега ми е тешко кога ќе помислам на него. Два пати ме однесе на море оваа година. Успеа да заработи за нас. Ни беше убаво и никогаш нема да го заборавам тоа, изјавила Станка додека во рацете ја држела фотографијата со Осман, која и ја подарил со посвета.