Станови во центарот на Атина за 5.000 евра – но никој не сака да ги купи


Тешко е да се поверува во насловот на атинскиот весник „Имерсија“ дека во Атина се продаваат станови и по цена од 5.000 евра.
Athens-traffic-jam-600x387Првата асоцијација била дека станува збор за шега, потоа дека во прашање се рушевини, за на крајот да се утврди дека станува збор за пристојни станбени единици.
До која мера сиромаштијата ја зафати некогашната средна класа говори и податокот дека луѓето се подготвени по багателни цени да ги продаваат станови, бидејќи повеќе не се во состојба да ги плаќаат трошоците за одржување и даноци на недвижнини.
Пред само десет години во Грција секое слободно евро инвестираше во недвижнини. Денес, по намалувањето на платите и пензиите, масовните отпуштата и раст на даночните давачки, поголемиот број Грци мака мачат да се ослободат од вишокот недвижнини.
Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1