Стануваме се поглупи поради тоа што не мораме да се грижиме за нашиот опстанок


Тим на научници од Стенфорд покренаа контроверзна теза дека луѓето се поглупи,бидејќи нивната интелегенција повеќе не е неопходна за опстанок. Мутациите на гените одговорни за интелегенцијата во современото општество се јавуваат почесто од вообичаено, поради слабо обучениот човечки мозок.


„Развојот на човечките интелектуални способности веројатно се случилпред нашите предци да ја напуштиле Африка. Тогаш членовите на групите комуницирале главно по невербален пат, а интелегенцијата била пресудна за преживување“, објаснил доктор Џерард Кребтри, лидер на студијата Трендови во генетиката.

Експертите велат дека благодарение на природната селекција, тогаш интелегенцијата била на врвно ниво, но потоа почнала полека да слабее. Благодарение на развојот на технологијата, луѓето денес се поглупи од кога било.

Главна пречка била развојот на урбаната средина каде што повеќе немало борба за опстанок, па со тоа и отпорот на мутација. Доктор Кребтри проценува дека од почетокот на човештвото постојат најмалку две мутации во секого од нас, кои значително ја ослабнале интелегенцијата.

Сепак без разлика колку механизацијата му наштетила на човекот, таа исто толку била и корисна. Поради промените што научниите велат дека се случуваат многу полека, се претпоставува дека напредната технологија наскоро ќе пронајде решение за ваквиот проблем.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1